Амбасадата на Република Бугарија во Скопје ги известува членовите на потесните семејства на жртвите од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна, дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.

Ги замолуваме да се обратат во Амбасадата на следните телефонски броеви:

+389 2 32 29 444; +389 2 32 46 491

+389 75 280 013 /мобилен/, стои во соопштението на Амбасадата на Република Бугарија во Република Северна Македонија.