Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи објави неколку важни информации за сите македонски граѓани кои ја примиле или ќе ја примат вакцината Астра Зенека.
-За сите наши граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“ и за оние кои во следниот период ќе се вакцинираат, еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.
По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни и следните три недели да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита.
Најчести несакани ефекти: Болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијaНајчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.