Граѓаните кои го пропуштиле терминот за имунизација поради најразлични причини се интересираат дали може да презакажат и кога повторно ќе стасаат на ред.
Во врска со тоа дали овие граѓани коишто не ја примиле дозата во закажаниот термин по презакажувањето ќе бидат планирани како последни за имунизација од Министерството за здравство одговараат:
Граѓаните кои го испуштиле терминот, повторно треба да се пријават на vakcinacija.mk или кај матичниот лекар. Тие влегуваат во групата, односно временскиот период кога извршиле пријавување. Доколку граѓанинот сам не се откажал од терминот (опција што постои на vakcinacija.mk) поради здравствени причини, електронскиот систем автоматски ги повлекува регистрациите и на граѓаните им испраќа порака за закажан термин за имунизација појаснуваат надлежните.
Кој прележал, по еден месец може да се имунизира.
Комисијата за имунизација има донесено одлука пациенти со прележана болест да може да се имунизираат еден месец од денот на оздравување, додаваат надлежните.
Според најновите истражувања, IgG антитела се детектираат и девет месеци по прележување на болеста.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.