Централната изборна комисија на Република Бугарија ја објави платформата преку која сите бугарски државјани што се наоѓаат во странство ќе можат електронски да се пријават за гласање.
Ако сте бугарски државјанин и сакате да го искористите своето гласачко право на претстојните избори за парламент во Р. Бугарија, коишто ќе се одржат на 4 април 2021 г, треба да пополните електронска пријава или доколку не го направите тоа, на самиот изборен ден треба да пополните декларација на самото избирачко место дека немате гласано и сакате да го остварите своето право на глас токму таму.
Електронското пријавување е едноставна процедура, а внесувањето на потребните лични податоци земени од вашиот документ за идентификација (пасош или лична карта) се врши на кирилица и на бугарски јазик. Можете да ја поднесете вашата електронска пријава на следниот линк.
Доколку сакате да гласате надвор од дипломатските претставништва на Република Бугарија (Амбасадата во Скопје или Генералниот конзулат во Битола), треба во електронската пријава да го наведете местото каде што ќе ви биде најудобно да го искористите своето право на глас. Според веќе објавените од страна на Централната изборна комисија одредби, избирачко место во земја надвор од ЕУ (каков што е случајот со РС. Македонија) може да се отвори, ако на истото се пријавени 60 и повеќе гласачи.
Крајниот рок за електронско пријавување за гласање е 9 март 2021 г.