Бугарските државјани во странство веќе ќе можат да ги поднесуваат своите барања за продолжување на своите лични документи без електронски потпис преку сајтот на Министерството за надворешни работи на Бугарија на следната интернет адреса: https://e-usluga_bds.mfa.bg .
Ова го соопшти преку социјалната мрежа facebook министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
„Кога дојдов во МНР во 2017 г., разбрав дека граѓаните плаќаат за услугите на МНР преку државни таксени марки или во кеш. Од денеска веќе воведуваме опција за електронско плаќање. Поради епидемијата на Ковид-19 е речиси невозможно доаѓањето два пати во бугарските конзуларни претставништва, затоа се отвора можност, сите бугарски граѓани што веќе имаат биометриски податоци, да поднесат електронско барање и исто така електронски да ја платат таксата. Тоа ќе ми дозволи да отидат до конзуларното претставништво само еднаш, кога ќе треба да го подигнат својот готов документ за идентификација“, вели Захариева во постот објавен на социјалната мрежа Facebook.