Џош Хартнет во новото интервју открил дека тој и неговата сопруга Тамсин Егертон кон крајот на 2019-та година го добиле своето трето дете.
Актерот Џош Хартнет (43) на почетокот на 2000-та година беше еден од најперспективните холивудски актери и миленик на жените во светот, но на врвот од својата слава тој одлучи да се повлече од јавноста.
Во последниве неколку години ретко може да се види на холивудските настани, а нема ниту навика да дава интервјуа за медиумите, но сега сепак одлучил да открие важен детаљ од својот приватен живот кој што досега успешно го криел повеќе од една година.

Во интервју за „Mr. Porter Hartnett“, тој открил дека кон крајот на 2019-та година со својата сопруга Тамсин Егертон (32) го добиле нивното трето дете.
„Најмногу сум горд што сум татко на три деца и што имам прекрасен однос со партнерката“, изјави актерот, напоменувајќи дека подготвува некои нови проекти, но не ги обелоденил деталите. Повеќе детали за третото дете тој не откри, а досега успешно ги крие и имињата на сите три деца.

Хартнет и Егертон се венчаа во 2012-та година, откако одлучил да му се посвети на семејниот живот и тоа во време кога дел од магазините ширум светот Хартнет го нарекуваа „најзгодниот маж на светот“ и велеа дека тој е наследникот на Леонардо Дикаприо и Мет Дејмон.

„Имав чувство дека некој ми го украл целиот живот. Сите тие насловни на кои беа моите фотографии ниту малку не прикажуваа каков сум јас и како живеам. Во моментов се чувствувам добро бидејќи повеќе не ме малтретираат папараците како претходно“. се присети Џош во едно интервју.
Денес тој се занимава со пишување на сценарија и режија, а тие вештини ги усовршил откако престанал со глумата и слободното време си го посветил на себе си.