Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓу многубројните верници кои денеска на Богојавеление – Водици скокнаа во Охридското Езеро и го извади осветениот крст.

Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј го положи крстот во Охридското Езеро, а потоа го благослови Довлев.

Васко Довлев потоа беше даруван со пригодни подароци.

Годинава за празникот Богојавеление – Водици околу 400 капачи беа пријавени, но како и секоја година влегоа поголем број верници во Охридското Езеро. Иако дуваше силен ветер, температурата беше 12 степени, а температурата на водата беше околу девет степени по осветениот крст влегоа голем број верници.