Зафир Хаџиманов, пејач, филмски актер и композитор, почина минатата недела како резултат на коронавирусот на 77-годишна возраст, а неговиот син Васил Хаџиманов (47) се огласи на социјалните мрежи и испрати силна порака до јавноста.
– Колку луѓе треба да умрат за да сфатите дека оваа болест е вистинска и крајно опасна? Кои повеќе докази ви се потребни за да откриете дека вакцинацијата е единствениот излез и спасот? Кој од вашите најблиски треба да го напушти овој свет или сериозно да се разболи за да ви дојде во глава, луѓе? Дали можеби вам кога ќе ви дојде е редот? Дали сè уште ќе се радувате и ќе ширите невистинити тврдења, како на пример дека татко ми, Ѓорѓе (Џоле) и Власта починаа од вакцината? Дали е можно сите овие луѓе да лажат и да измислуваат и да им верувате на вашите таканаречени „експерти“ со анти-вакцински агенди и теории на заговор? – сподели Васил на својот фејсбук – профил.
– Ќе се освестиме или сите ќе умреме поради вашите заблуди? Разбудете се и прифатете ја реалноста без кукавички, фантомски изговори и измислици. Треба на сите да ни биде подобро и престанете со таа неопислива себичност што ќе дојде и до вашите глави и до нас, додаде музичарот.