Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија.

Според јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев“, се вели во соопштението од МРТ.

Васил Гарванлиев минатата година беше избран за наш претставник на Евровизија, но за жал настанот не се одржа поради пандемијата со коронавирусот.

Овогодинешниот избор за најдобра песна се предвидува да се одржи традиционално, со две полуфинални и една финална вечер на 18, 20 и 22 мај повторно во Ротердам, Холандија.

Како што се вели во соопштението, повеќе од дваесет земји ги потврдиле истите учесници избрани од минатата година, давајќи им „втора шанса“.

Instagram

Гарванлиев на својот инстаграм-профил ја потврди веста со емотивна објава.

Во животот ретко добиваме не една, туку ТРИ шанси за исполнување на нашиот сон. Во 2019 година, гордо стоев покрај Тамара, во 2020 година посветив сѐ на песната „YOU“ – но ковид-19 рече не! Во 2021 година ќе го искористам моето лично искуство и приказна, ќе го ставам моето срце во вашите раце преку мојот глас“, напиша Васил.

Instagram
Instagram

Никогаш не престанувајте да верувате, да сонувате и да се борите за она за што ве исполнува во животот. Соништата се исполнуваат! Благодарен сум за вашата постојана поддршка и едвај чекам да споделам со вас што планираме како Македонски тим. Бидете подготвени!“, додаде пејачот.