„Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови. Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика. Александрина Пендачанска е една од нив и ми е омилена “, изјави македонскиот претставник на Евровизија оваа година Васил Гарванлиев во кратко интервју за бугарската агенција БГНЕС.
Гарванлиев истакнува уште дека не само планира туку и сонува за дует со бугарски пејач. Како што вели самиот тој во моментот преговара со неколку изведувачи од Бугарија, а не ја исклучува можноста и за дует со бугарската претставничка на Евровизија- Викторија.
Во интервјуто за БГНЕС Васил Гарванлиев вели дека е оптимист во врска со односите меѓу Бугарија и РС Македонија.
„Постојат негативни работи, но ајде да се фокусираме на добрите“, вели тој, додавајќи дека секогаш бара подобро, посветло и попозитивно.
„Прв пат сум во Софија, но нема да биде последен, вети пејачот. „Во вашиот главен град има многу удобност и историја. Софија станува новата метропола на Европа “, вели Гарванлиев, кој беше главната музичка ѕвезда на Sofia Pride 2021 што се оддржа вчера во бугарскиот главен град