Ја имаме честа први да ја најавиме премиерата на најновото остварување на Васил Гарванливев, кој воедно оваа година ќе ја претставува нашата земја на „Евровизија“.
Вечерва, во 19:00 премиерно на „Youtube“, Гарванлиев ќе го претстави својот видео спот за песната „СудБина“ од истоимениот албум кој е во завршна фаза.
„Родени голи, сè друго е Суд и Бина“, вели Васил.
Во разговорот, Гарванлиев откри дека на овој проект е особено горд. Тој сподели интересни детали околу снимањето на видео спотот, воедно најавувајќи го и својот нов албум.
„Драги пријатели, со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, и носечка песна на албумот „СудБина“ – албум кој е во завршна фаза и се работи со многу љубов“, изјави Гарванлиев.
Музиката е на Александар Јовевски, текст на Давор Каракашев, видео на Ѓорѓи Вацев, кореографија на Ивана Балабанова и Битрикс. Зад прекрасните костими и стајлинг стои Методија Коцев, а за шминката е одговорен Александар Миндев.
„Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој сега ќе го видиме и во улога на режисер.
Спотот е снимен во Универзална сала, која за Васил има посебно знаење.
„Огромна благодарност до Филип и Универзална сала што ни овозможија да снимиме (можеби и за последен пат) и воедно да го заокружиме патот од три децении од мојата прва сценска појава, токму таму“, вели Васил.
Васил вели дека со нетрпение ги очекува впечатоците и коментарите за песната и видео спотот.
„Дали е благослов или клетва тоа што го правиме? Прашање за кое сè уште ни јас немам одговор…“,
Песната и видеото може да ги проследите на следниов линк во 19:00 часот.