Нашиот претставник на овогодинешниот Евросонг, Васил Гарванлиев, во неодамнешно интервју за британскиот геј – магазин „Attitude“ изјавил дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.

Сексуалноста на Васил, според магазинот „Attitude“ неизбежно, ќе стане една од најинтересните делови од приказната на 36-годишниот пејач како дел од неговиот евровизиски настап со песната „Here I Stand“. Зошто? Тој ќе се качи на сцената во Ротердам како еден од првите претставници од нашата земја кои некогаш јавно го споделиле својот сексуален идентитет, велат од магазинот.

Стихот кој е постојано во мојот ум е: „My walls are down, my heart is in your hands“ (Моите ѕидови се спуштени, срцето ми е во твоите раце), изјавил Васил додавајќи:

„Нешто ми кажа дека ова е вистинскиот момент да споделам се за себе – буквално да ги спуштам сите ѕидови и да бидам тоа што сум – што воедно е и најнеинтересното нешто за мене, фактот дека сум геј“

Како и поголемиот дел од Балканот, така и Северна Македонија според магазин „Attitude“ заостанува далеку зад Западна Европа кога станува збор за прифаќањето на ЛГБТК: сексуалните активности од ист пол не биле легализирани дури до 1996 година, а било потребно до октомври минатата година за да се направи понатамошен правен напредок, кога предлог-законот за дискриминација на ЛГБТК бил усвоен по повеќе години правни расправии околу ова прашање. Дури во 2019 година се одржало првото Дефиле на гордоста во земјата, поточно во главниот град Скопје: мал настан кој привлекол околу илјада демонстранти.геј

„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа“, споделил Васил, дополнувајќи дека „мнозинството од модерните ЛГБТК сцени во земјата остануваат скриени или тајни“.

„Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малтретирање“, изјавил Гарванлиев за „Attitude“

„Како уметници, ние сме одговорни да зборуваме вистината – особено ако сум ја пробал слободата, а сум го сторил тоа“, додава Васил.

Извор: „Attitude“

Потрага по корените на Васил Гарванлиев