Непријатен мирис на патиките! Ако патиките или чевлите ги носите секојдневно, голема е можноста тие да почнат да мирисаат непријатно! Во тој случај погледнете што треба да додадете за време на перењето!
За да исчистите патики и да се ослободите од непријатните мириси, пробајте го овој едноставен метод.
Комбинацијата на пот и топлина е совршена за развој на бактериите. За да ги исчистите патиките и да се ослободите од непријатните мириси, испробајте го овој едноставен метод.
Потребени ви се детергент и оцет. Доколку патиките можат да се перат во машина за перење, ставете ги на лесно и топло перење (не претерувајте со топлината со цел да не се стопи нивниот лепак) со мала количина детергент и една чаша оцет. Не додавајте омекнувач за алишта бидејќи тој може само да ја влоши работата.
Откако ќе завршите со перењето, ставете ги патиките на сонце или провев да се исушат. Никогаш не ставајте ги патиките во машина за сушење алишта бидејќи така лепилото може да ослабне и патиките да се распаднат.
Доколку патиките не се соодветни за да ги исперете во машина, исперете ги рачно користејќи ги истите состојки.