САД и Германија постигнаа договор за рускиот гасовод „Северен поток 2“, ставајќи крај на несогласувањата околу тоа прашање, објави „Вашингтон пост“.
Според договорот, Германија се согласила да инвестира во инфраструктурата за украинската зелена технологија, а САД – да ги прекинат своите напори за блокирање на гасоводот, пишува весникот.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, и според руски и германски медиуми, двајцата соговорници разговарале за можно продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за транзит на гас.