Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по средбата со премиерот на Бугарија, Кирил Петков,  порача дека само една земја ги кочи преговорите на Северна Македонија, а тоа е Бугарија и без нејзина согласност не може да се продолжи понатаму. Се уште нема решение, што е многу фрустрирачко за нас, бидејќи не можеме да продолжиме со пристапниот процес, рече комесарот Вархеи.

-Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, така редовно и во Скопје, конечно ќе се разјасни и зајакне европската перспектива за РСМ. Би сакале да видиме договор да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, ќе се сретнам и со претседателот, додаде Вархеи.