-Јуни е критичен месец за Западен Балкан. Имаме многу прашања на маса. Ние сакаме да организираме меѓувладини конференции со Србија и со Црна Гора, за да ги продолжиме нивните преговори за членство. Ние сакаме да ги организираме првите две меѓувладини конференции со Албанија и со Северна Македонија, го имаме овој Самит за да ги покажеме резултатите. Оваа година навистина може да биде година на Западен Балкан, но ние сакаме резултати,истакна еврокомесарот за проширувае Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.
Вархеји додаде дека ЕУ веќе ги подготви претпристапните фондови и е подготвена да го започне инвестицискиот план за Западен Балкан, но оти прво регионот мора да функционира како единствен регионален пазар.