Проширувањето отсекогаш носело силни мислења и многу емоции, многу оптимизам и екстремен песимизам во исто време. Пред се за да се има успех во проширувањето треба посветеност. Тоа е геостратешка инвестиција во мирот, сигурноста, стабилноста и економскиот раст. Патот до ЕУ како што знаеме е долг и комплициран и полн со предизвици, но за мене нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ и затоа ние се трудиме најмногу што можеме тоа да се случи, нагласи денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Тој, на денешниот 8-ми Форум на граѓанско општество на Западен Балкан нагласи дека граѓаните во регионот силно ја поддржуваат неговата целосната интеграција во ЕУ.
– И не само затоа што тоа е политички приоритет за политичките елити во овие земји, тука исто така тоа е рефлексија на мислењето на граѓаните на Западен Балкан, кои силно ја поддржуваат целосната интеграција на регионот во ЕУ, истакна Вархеји.
Еврокомесарот потсети дека веќе 30 години политички, технички и финансиски ги поддржуваат политичките избори на земјите-кандидати.
– Сега на крајот од годинава имаме неверојатни можности и предизвици да ја изградиме нашата работа и да дадеме свеж момент на процесот на проширување. Следната недела ќе се одржи Самитот на ЕУ-Западен Балкан со што ќе се потврди нашата посветеност на регионот. Кога станува збор за Албанија и Северна Македонија само можам да ги повторам зборовите на претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен, да биде постигнат договор за прифатлива преговарачка рамка, што ќе го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција во рамки на словенечкото претседателство, рече Вархеји.