Екипата на РК Вардар доби големи засилувања, тоа се браќата Нијокас од Металург.
По заминувањето на браќата од Металург, Вардар брзо реагираше и договори трансфер.
Трансфер на браќата Нијокас се уште не е официјално потврден од РК Вардар.
Со трансферот на Оливие и Кевин Нијокас , ќе се зголемат квалитетот и конкуренцијата во тимот на стратегот Веселин Вујовиќ.
Добро е тоа за Вујовиќ што француските ракометари имаат право веднаш да настапат за Вардар.
Преговорите се во завршна фаза и се очекува Вардар во најскоро време да го комплетира овој трансфер од Металург, се со цел двајцата ракометари да одржат неколку тренинзи со новиот тим и да бидат во комбинација за натпреварот со Елверум во Лигата на Шампионите.
Со двајцата искусни играчи „вардарци“ уште повеќе добиваат на квалитет, додека Металург очигледно ќе има проблеми на стартот од сезоната останувајќи без двајцата ракометари кои заедно со Хорват требаше да бидат носители на играта на тимот на тренерот Марковски.