Вардар го совлада Холстебро со 33-28 во полуфиналето на „Хумел Купот“, кој се игра во во Германија. Домаќин на турнирот е Магдебург, кој забележа победа притив Горење со 33:23, па утре овие две екипи ќе играат во финалето за пехарот.

Во тимот на Вардар на мечот со Холстебро најефикани беа Талески и Тото кои постигнаа по 6 голови, Гурбиндо постигна 5, Мишевски 4, Моралес 3, Ѓукиќ, Чувара и Валчак по 2, додека Дибиров, Гаџа и Јагуриновски по еден гол. Финалето се игра утре со почеток во 15:30 часот.