И официјално, со денешниот пораз од Струга Трим Лум, Вардар идната сезона ќе биде во второлигашката конкуренција. Најтрофејниот македонски тим оваа сезона се соочуваше со огромни проблеми од финансиска природа, па така додека траеја предавањата од стариот газда кон Град Скопје, Вардар не можеше на теренот да остане прволигаш.
Со тоа Вардар за прв пат од осамостојувањето на Македонија, ќе игра во Втората лига. Еднаш испадна, но се спаси благодарение на фузија со тогашниот тим Миравци, кој обезбеди настап во прволигашката конкуренција. Заедно со Вардар во второлигашката конкуренција ќе настапува и Беласица.
Шкендија е нов првак, а Шкупи ќе настапува во Европа, во т.н. Конференциска лига. За третото место во последното коло ќе се борат Струга ТЛ и Македонија ЃП. Македонија ЃП игра со Вардар, додека Струга гостува кај Силекс.