Двете најдобри екипи во македонскиот ракомет во моментов, Вардар и Еурофарм Пелистер, ќе означат почеток на сезоната 2021-22.
Во битката за првото одличје во новата сезона на мак-ракометот, битолчани ќе имаат тешка задача да го предизвикаат „реновираниот“ Вардар. Веселин Вујовиќ го поведе тимот на подготовките во изминатиот месец, со многу нови имиња и високи амбиции. Од друга страна, Бабиќ и Пелистер не менуваа премногу и со познати сили ќе продолжат и оваа година.
Вардарци ќе ја брани титулата освоена на претходните три настапи во Супер купот, откако минатата година овој натпревар беше откажан поради пандемијата на Ковид-19.
Црвено-црните првиот трофеј го освоија 2017-тата во Скопје кога беа подобри од вечерашниот противник тогаш под името Еурофарм Пелистер со 30-25, а следните две години вардарци беа подобри од скопскиот ривал Металург во Струга 2017 со 33-24, односно во Куманово во 2019 година кога славеа со 26-24.
Вечерашниот Супер Куп дуел меѓу Вардар и Еурофарм пелистер ќе започне од 19 часот.