Вардар има резултатска предност од четири голови по првиот четвртфинален дуел против хрватскиот првак ППД Загреб. Хрватскиот гигант во текот на цел меч се покажа како тежок противник и дури во еден момент имаше само еден гол негатива, па така патникот на Ф4 во регионалното натпреварување ќе се решава во Хрватска на 31 август.
Првото полувреме беше изедначено, Вардар успеваше повремено да се одлепи на два разлика, но Загреб се враќаше. На одморот се замина со 14:12 за македонскиот тим.
Во вториот дел Вардар цело време имаше предност, но во финишот Загреб дојде на -1, 21:20, тогаш тимот на Вујовиќ направи серија од 3-0 и го заврши мечот со победа од 24:20.
Дибиров и Кудуз со по постигнати голови беа најпрецизни во редовите на Вардар, Георгиевски остана на трите од првото полувреме, а по два гола дадоа Гурбиндо и Тото.
Кај Загреб, најдобар беше Чупиќ со осум постигнати голови.
Реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА лигата ќе се игра за пет дена во Загреб.