Непознат сторител или сторители ја откорнале од постаментот и ја украле бистата на македонскиот поет Славко Јаневски од алејата на поетите на кејот на истекот на реката Црн Дрим во Струга.

Како што информираат утрово од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, дека бистата е исчезната било утврдено вчера при вообичаена проверка. Исто така било констатирано дека и бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин биле видливо разнишани во, како што велат од установата, очигледен обид да бидат откорнати од постаментите.
Директорот на „Струшки вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски, го пријавил исчезнувањето, односно кражбата во полициската станица во Струга.