Вистинскиот блесок на Кристијано Роналдо на големата фудбалска сцена беше во дресот на Манчестер јунајтед кој го носеше од 2003 до 2009 година и за тоа време освои три титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, два пати победи во Лига Купот, а еднаш во ФА Купот како и во УЕФА Суперкупот.
За тоа време играше со голем број ѕвезди како Пол Сколс, Рајан Гигс, Едвин ван дер Сар, Рио Фердинанд, а колега во нападот му беше и Руд ван Нистелрој.
Токму поранешниот капитен Фердинанд открива дека Португалецот и Ван Нистелрој имале жестока расправија.
– Роналдо сакаше да прави потези со кои ќе ја воодушевуваше публиката. И на тренинзите го правеше тоа, но исто така се навикна и да прима удари. Се сеќавам дека Руд тоа не го сакаше бидејќи беше ѕвезда и беше прв стрелец на екипата. На еден тренинг Роналдо направи неколку фантастични дриблинзи, а Ван Нистелрој ја чекаше топката во шеснаесетникот. Роналдо не му додаде по што Руд буквално збесна. Му рече на Роналдо дека треба да оди во циркус, а не на фудбалски терен. Се налути и го напушти тренинго, додека на Роналдо кој тогаш имаше 18., 19. години ништо не му беше јасно – открива Фердинанд.