Холанскиот селектор Франк де Бур најави дека е оптимист за најдобриот дефанзивец на „лалињата“ Вирџил Ван Дијк од Ливерпул.
Вирџил Ван Дајк е во „аут“ скоро цела натпреварувчка сезона или поточно од 17 октомрви кога настрада на градската пресметка против Евертон во Премиер лигата.
„Вирџил треба сам да реши и да донесе одлука. Сепак станува збор за неговата кариера, за ризиците. Јас само се надевам дека направил огромни чекори во неговата рехабилитација, а сите знаеме колку е тој важен за националниот тим. Можам да замислам дека тој сега е во дилема, но останува на него да реши дали ќе игра на ЕП“, вели Де Бур.
ЕП е на програмата од 11 јуни до 11 јули.