Синот на познатиот светски милијардер Џорџ Сорос, Александар Сорос пред два дена на социјалните мрежи објави фотографија дека се сретнал со првиот вицепремиер Артан Груби. Сепак, во текстот на социјалните мрежи Александар го употреби зборот „северномакедонски“ заменик премиер Артан Груби, што секако предизвика реакции во јавноста, но не и од првиот вицепремиер.

Реагираше и холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг. Тој порача дека и бруцош на балкански студии знае дека не постои „северномакедонски“.

„Не постои такво нешто како ‘северномакедонски’, само македонски. Ова го знае секој студент од прва година на балкански студии. Другиот твој македонски пријател, Никола Димитров, напиша јасно, веднаш по ‘Преспа’, за тоа како треба и како не треба. Неверојатно е тоа што ви недостига основно познавање на најважните работи на Западен Балкан“, реагира Ван ден Берг.