Туристите кои периодов ќе сакаат да престојуваат во дворецот Бран, од 14 век, сопственост на влашкиот регионален владетел, Влад Цепеш, кој му послужи и како инспирација на Брем Стокер за романот „Дракула“, ќе имаат можност од медицински персонал со вампирски заби, бесплатно да се вакцинираат против ковид 19, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Управата на замокот се надева дека услугата ќе привлече повеќе луѓе на оваа туристичка дестинација во Трансилванија, во близина на градот Брашов, бидејќи бројот на посети нагло се намали од почетокот на пандемијата, пренесува Танјуг.

Бесплатни вакцинации на „Фајзер“, во замокот на Дракула може да се добијат без закажан термин секој викенд во мај, а посетителите добиваат и бесплатен влез на изложбата.

Прикажи повеќе