Фејсбук статус на Valon Salihu:

Но едно нешто кое неможам да го сварам, е тоа што трет ден по ред на протестиве не престанува скандирањето за “клетите шиптари” и се прашувам.
Како бе ниту еден од пријателиве не напиша два збора за да се јавно дистанцира или да ги осудува ваквите скандалозни скандирања?
Како еден неалбански медиум не направи вест од ова? Убаво е да си го сакаме своето, но ништо не сме направиле ако не го поштуваме туѓото. Ама искрено да го поштуваме.
Таман ќе си помислам дека почнуваме да созреваме како општество, се дешава вакво нешто и ме враќа у агонија. Идиоти секогаш ќе има.
Жално е да ги имаш до тебе, и да не ги обезхрабруваш. Поразитенно е ова другaри! Многу поразително!“



