Американците вакцинирани против коронавирус повеќе не мора да носат заштитни маски на затворено, соопштија американските здравствени власти.
„Секој што ги примил сите дози на вакцина, може да учествува во мали или големи активности на затворено и на отворено, без да носи маска или да ја почитува физичката оддалеченост“, соопшти Центарот за спречување и контрола на болести на САД. Исто така, се додава дека препораките за борба против епидемијата на коронавирусот редовно ќе се ажурираат.