Одлуката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19, воведена на 19 декември 2021 година, продолжена е за уште две седмици, до 24 јануари 2022 година, а мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.