Франција треба да ги прими првите дози од вакцината на „Модерна“ оваа недела, соопшти денеска француското регулаторно тело за здравство, додека Владата е на удар на критики поради тоа што вакцинацијата се прави премногу бавно.

Франција почна со вакцинирање кон крајот на декември, како и многу европски земји.

Но, од крајот на декември вакцинирани се само неколку стотици луѓе, за разлика од Германија, каде се вакцинирани десетици илјади и Велика Британија, каде се вакцинирани повеќе од милион луѓе.

-Верувам дека вакцината на Модерна мора да пристигне оваа недела, изјави Доминик ле Гулудек, шеф на Францускиот здравствен регулаторен орган за телевизијата БФМ, додавајќи дека Франција бара дополнителни информации за вакцината „Ковидшилд“ на АстраЗенека.

САД ја одобрија вакцината на Модерна на 19 декември, Канада го стори тоа на 23 декември, а Европската унија се очекува да го одобри неделава.