Вакцината од Оксфорд против коронавирус го стимулира создавањето на антитела и прави силниот одговор на Т-клетките на патогените микроорганизми.

Најдобар имунолошки ефект се постигнува кога ќе се инјектираат две дози на вакцината, објави универзитетот Окфорд.

Вакцината „го стимулира производството на антитела и функцијата на Т-клетките“, соопшти универзитетот, откако беа објавени студии од првата и втората фаза од клиничките испитувања, објави Ројтерс.

“Две дози на вакцината покажаа дека одговорот на антителата е многу посилен отколку кога се инјектира единечна доза. Така што, вакцината е најефикасна кога се даваат стандардни дози на вакцината”, се додава во соопштението.