Првите количини на кинеската вакцина против коронавирус од компанијата Синофарм ќе пристигнат во Србија утре.
Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) сè уште нема издадено дозвола за нејзина употреба, но се очекува таа да биде наскоро издадена. Во недела, со неа би можело да започне имунизацијата на здравствените работници кои изјавија дека сакаат да ја примат токму таа вакцина.
– Advertisement –