Европската агенција за лекови (ЕМА) го прими барањето за условно одобрување за пласман на вакцината против Ковид-19, изработена од фармацевтската компанија „Јансен“, што работи во рамките на компанијата Џонсон & Џoнсoн˝.
ЕМА наведува дека проценката на оваа вакцина ќе се изврши во забрзана постапка, со можност за финализирање до средината на март 2021 година.
За разлика од традиционалните вакцини, вакцината на „Јансен“ делува на начин што содржи молекула на РНА, која внесена во организмот обезбедува информации за производството на протеинот што го користи вирусот САРС-КоВ2 за да влезе во клетката, а имунолошкиот систем го препознава овој протеин како туѓ и произведува антитела и ги активира Т-клетките против него.
Европската комисија во октомври минатата година потпиша договор со „Јансен“ за купување 200 милиони дози од вакцината со можност за набавка на дополнителни 200 милиони дози.