Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ планира следната недела да побара одобрение од Американската агенција за храна и лекови за итна употреба на нејзината вакцина, која се применува во единечна доза, а како што објавија од комапниајта, има ефикасност помеѓу 66 и 72 проценти.
Според компанијата, оваа ефикасност е прикажана во САД, додека клиничките испитувања на три континенти покажале дека е 66 проценти ефекасна против различни варијанти на вирусот.
Во истражувањето спроведено на скоро 44.000 волонтери, нивото на заштита од умерени и тешки форми на болеста е 66 проценти, но само 57 проценти во Јужна Африка, каде што се појави мутирана варијанта на корона вирусот.
Ова се послаби резултати од оние на двете веќе одобрени вакцини на „Фајзер/БиоНТек“ и на „Модерна“, кои во испитувањата покажаа ефикасност од околу 95 проценти во спречување на симптомите на болеста кога се даваат во две дози.
Главната цел на студијата на „Џонсон и Џонсон“ била да се проучи ефикасноста на вакцината во спречување на умерени и тешки форми на болеста, а се покажа дека е 85 проценти ефикасна во спречување на сериозни симптоми и спречување хоспитализации и против разни варијанти 28 дена по имунизацијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.