Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека израелското министерство за здравство ја одобрило вакцината за употреба, што е трето одобрување за вакцините на оваа компанија и прво надвор од Северна Америка.
Вакцините на „модерна“ претходно беа одобрени во САД и Канада, а постапката за издавање дозволи во ЕУ, Сингапур, Швајцарија и Велика Британија е во тек.
Компанијата „Модерна“ најави зголемување на минималното производство на вакцини за 100 милиони дози.
Во САД досега се дистрибуирани околу 15,4 милиони дози вакцини против ковид-19, но само околу 4,5 милиони луѓе ја примиле првата доза.
Повеќе од две третини од вакцините дистрибуирани во САД се уште не се употребени, соопштија здравствените власти.