Австриската сојузна служба за безбедност во здравството, објави дека меѓу вакцините што се на располагање во земјата, најмногу несакани ефекти предизвикува вакцината на компанијата „АстраЗенека“.

Таа вакцина предизвикува несакани ефекти кај 14,9 отсто случаи на 1.000 вакцини. Кај вакцината на „Бионтек/Фајзер“ тоа е случај кај 3,79 отсто, додека кај „Модерна“ 5,71 отсто.

Досега со вакцината на „АстраЗенека“ се вакцинирани 3.961 лице, а пријавени се 59 несакани ефекти. Повеќето навеле дека имале главоболка, температура, замор, болки на местото на апликацијата, болка во мускулите, мачнина, грозница. Температурата е пријавена како најчест несакан ефект.

Во повеќе болници ширум Австрија медицинскиот персонал одбива да ја прими вакцината на „АстраЗенека“, поради несаканите ефекти, но и поради наводно послабото дејство, пред се против новите мутации на вирусот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.