Вакцинацијата против коронавирус во Бугарија ќе започне во недела, пренесуваат бугарските медиуми.
Кампањата за вакцинација е организирана од регионалните здравствени инспекции, а вакцините ќе бидат ставани од страна на лекари во медицински установи за амбулантско и болничко згрижување, регионални здравствени инспекторати, како и лекари во специјализирани структури во рамките на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана и во мобилни тимови.
„Во случај на потреба, ќе бидат мобилизирани медицинските работници од ургентните центри, други медицински установи, градинки и училишта“, се наведува во одредбата на Министерството за здравство.
Вакцинацијата ќе се одвива на доброволна основа и ќе биде бесплатна. (МИА)