Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ синоќа прогласи вонредна состојба во градот, откако во близина на местото Сопотски Хан се преврте вагон на композиција на товарен воз кој превезувал гас од амонијак за Бугарија. При инцидентот од вагонот истекол гас и во атмосферата е ослободена висока концентрација на амонијак, поради што 51 лице се хоспитализирани со симптоми на труење. Поради вонредната состојба денеска нема да работат училиштата во Пирот.
Dozens of people have been hospitalised after a freight train carrying ammonia derailed in eastern #Serbia.
A state of emergency has been declared in the Serbian town of Pirot.@eriknjoka gets you the details
For more videos, visit: https://t.co/AXC5qRuO3J pic.twitter.com/eKRdmkQplj
— WION (@WIONews) December 26, 2022
Вагонот на товарниот воз што превезувал амонијак се превртел околу 17 часот и 30 минути на дел од пругата од Пирот до село Станичење, кај местото Сопотски Хан, соопшти српското МВР.
РТС јави дека до несреќата дошло кога композиција од 20 цистерни излетале од шините, од кои „најмалку една паднала во коритото на реката Нишава, што предизвикало бурна реакција на амонијакот во допир со вода“.
Одделот за вонредни состојби на српското МВР потврди дека досега се хоспитализирани 51 лице со симптоми на труење со амонијак, од кои две лица се со тешки симптоми. Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш се пренесени седум лица, кои имаат стабилни витални параметри со надразнувачки симптоми и благи хемиски изгореници.