Потврдена е средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицевски. Лидерската средба ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници а во фокусот ќе бидат две теми. Едната,за носењето одлуки за евроинтеграциите на земјава а втората за активностите на сите политичари во Македонија во врска со добрососедските односи. Иако средбата е по 2 дена, острите изјави од двете страни не стивнуваат, пишува ТВ 21.

Во врска со оваа средба за која многу се зборуваше и коментираше, пред неколку часа на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ објавен е статус во која се вели:

„Доколку имаме лидерска средба без содржина и заклучок,подобро да јa нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Ковачевски рече дека заклучокот се знае, или патот кон ЕУ или кон изолација?

Премиерот Ковачевски рече дека на средбата очекува да се разговара за сите аспекти од овие две теми, изразувајќи надеж дека ќе најдат заеднички јазик како да се продолжи на патот кон ЕУ, бидејќи, како што рече, во спротивно сл4едува изолација, нешто што го гледаат сите граѓани во земјава. Средбата ќе се одржи во среда во 11 часот во Клубот на пратеници.