Досега вкупно 1798 деца на возраст од 12 до 17 години покажале интерес за вакцинирање против Ковид-19. Вакцинирањето за нив ќе почне од понеделник и ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот што го навеле при пријавувањето.

Како што информираат за МИА од Министерството за здравство, најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките: „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – 5.

Во Битола се пријавени 123 деца и млади, во Тетово -112, во Куманово – 88, во Охрид – 84, во Велес – 79, Прилеп – 67, Кавадарци – 54, Гостивар – 53, Струмица -47, Гевгелија – 46, Штип – 45, Струга – 31, Кичево -30, Неготино -20, Ресен – 19, Кочани -17, Вевчани – 13, во Берово 11.

Според бројките, во следниве градови има под 10 пријавени. Тоа се: Дебар – 9, Валандово и Свети Николе по осум пријавени, Пробиштип – 6  Делчево и Радовиш по пет пријавени, Виница и Крива Паланка по четири пријавени, Демир Хисар и Македонски Брод по двајца пријавени, Кратово и Македонска Каменица по еден пријавен.  мд/дма/

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.