Нови варијанти на коронавирус предизвикуваат загриженост за вакцините, вели турски експерт.

Новата варијанта на коронавирус, идентификувана во Јужна Африка, може да претставува глобален ризик доколку не се спречи нејзиното ширење, вели Д-р Мехмет Саит Бугдаци, специјалист по интерна медицина, за „Anadolu Agency“.

Тој изјави дека поради можноста за намалување на ефикасноста на вакцината во теорија, варијантите на ковид-19 во Велика Британија и Јужна Африка треба да бидат внимателно анализирани.

EPA EFE
 EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Исто така е исклучително важно да се ограничи ширењето на мутацијата на вирусот. Варијантата на коронавирус во Јужна Африка носи глобален ризик, ако не се спречи неговото ширење“, забележа тој.

Мутации на „SARS“ (тежок акутен респираторен синдром) и „MERS“ (респираторен синдром на Блискиот исток) на крајот резултираа со исчезнување на вирусите и губење на нивната способност за инфекција, додека мутациите на коронавирусот го продолжуваат времетраењето на болеста и го прават уште позаразен поради шилестиот протеин – дел од вирусот кој ги напаѓа човечките клетки“, додава тој.

EPA EFE
EPA-EFE

Д-р Мехмет вели дека африканската варијанта – наречена „501Y.V2“ пријавена во Јужна Африка на 18 декември 2020 година е различна од мутацијата во Велика Британија.

Мутацијата во Велика Британија пријавена на 14 декември 2020 година е различна варијанта од кинеската која потекнува од декември 2019 година, вели тој, додавајќи дека варијантата во Велика Британија е позаразна.

Тој предупреди дека варијантата на вирусот во Велика Британија, која моментално најмногу е застапена во јужна Англија и Шкотска, може да се прошири низ целиот свет доколку не се преземат строги карантински мерки.

EPA EFE
EPA-EFE

Од појавата во декември 2019 година, пандемијата однесе повеќе од 2,23 милиони животи во 192 земји и региони, според американскиот Универзитет Џон Хопкинс.

Пријавени се повеќе од 103,11 милиони случаи и над 57,16 милиони оздравени ширум светот.

Извор: „Anadolu Agency“.