Африканскиот сој на коронавирусот бил изолиран во Институтот за јавно здравје во Скопје, јавува „Слободен печат“.
Порталот повикувајќи се на информации од високи извори во Министерството за здравство, пишува дека станува збор за случај од месец март.
Според анализите на ИЈЗ од 1 март до 15 април, кај едно лице од Делчево било детектирано присуството на јужноафриканскиот сој на вирусот Сарс Ков 2. Пациентот е оздравен и повеќе не е ковид-позитивен. Освен за овој пациент досега нема детектирано присуство на јужноафриканскиот сој кај други позитивни пациенти, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.