Јужноафриканската варијанта на коронавирус е откриена во Полска, потврди денеска министерот за здравство Адам Ниџиелски кога неговото Министерство соопшти дека започнува трет бран на инфекцијата во земјата и дека има големо дневно зголемување на бројот на случаи.
– Заедно со британската варијанта, во земјата се појави и јужноафриканската, рече министерот на прес-конференција.
Како што објави „Гардијан“, Полска ублажи некои ограничувања, неодамна ги отвори скијачките центри, како и кината, хотелите и театрите со 50 отсто пополнетост, но властите предупредија дека овие мерки можеби ќе треба да се повлечат во зависност од ситуацијата со пандемијата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.