Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Латинска Америка и на Карибите е над 500.000, а случаите се искачија над 15 милиони во време на празници, според податоците од официјалните извештаи на владите.
Повеќе од една третина од случаите се регистрирани во Бразил, најголемата земја во Јужна Америка. Повеќе од една четвртина од смртните случаи се евидентирани во Бразил и во Мексико
Бразил потврди уште 58.718 случаи во изминатите 24 часа, заедно со 1.111 смртни случаи од ковид-19, соопшти синоќа Министерството за здравство.
Земјата досега регистрира скоро 7,6 милиони случаи на вирусот од почетокот на пандемијата, додека официјалниот број на смртни случаи се искачи на 192.681.