Американската јавост е згрозена и остро го критикуваше музичарот Ози Озборн откако тој откри дека за време на локдаунот тој со пушка ги убивал животните во својата градина, пренесуваат странските медиуми.
Како што вели Озборн кој има проблеми со Паркинсонова болест, за се е виновно неговото лошо нишанење.
Тој даде интервју во кое се обиде да го објасни своето однесување:
„Правев многу глупави работи, но сите учиме од сопствените грешки. Пукањето ми помага бидејќи кога сум дома многу сум загрижен и вознемирен дека повеќе нема да можам да одам. Тоа ми помага да не мислам, инаку ќе полудам. На почетокот не знаев да пукам, а сега има мртви мачки и птици секоја минута“, објасни тој.
Иако е познат како љубител на животните, рокерот и претходно имаше неколку слични инциденти.
Во 1981-та година тој на турнејата шмркаше мравки откако го искористил целиот кокаин, а во 1982-та година за време на настапот ја одгриза главата на еден лилјак.