Извршниот директор на италијанскиот калчолигаш Сасуоло, Џовани Карневали, објави дека клубот добил две понуди за напаѓачот на клубот, Џакомо Распадори. Има понуди од Јувентус и Наполи, но Карневали одбива да открие детали за понудите.

Advertisements

„И на крајот од минатата сезона ни беше јасно дека Наполи и Јувентус се заинтересирани за Џакомо. Тогаш немавме ништо конкретно на хартија, туку некои најави. Сега, има конкретни понуди за Распадори од двата клуба. Во моментов можам да кажам дека нема да има трансфер, но долг е периодот во август и се може да се случи. Засега сакаме да се концентрираме на подготовките за новиот шампионат“, изјави Карневали.

И покрај тоа што играше во скромниот тим од Реџо Емилија, Распадори на 22-годишна возраст успеа да избори место во националниот тим на Италија, каде постигна три гола на 13 натпревари.

Минатата сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања за Сасуоло и постигна 10 гола, а имаше и шест асистенции. Неговиот договор со Сасуоло истекува во јуни 2024 година.

Прикажи повеќе