Новинарот Фуркан Салиу со издржан став за темата која од вчера е во фокусот на македонската јавноста, а тоа што се пласира пред публиката и кој го спонзорира сето тоа.
-Многу внимателно го прочитав статусот на Стефан каде што се правда за емисијата со Латас.
И некако му поверував, се додека не го погледнав и другиот негов подкаст со Карло Бос.
Таму па уште пострашни работи. За жената се зборува како за објект, а не човек.
Го прашуваат дали смрделе Африканките. Па дали ги тепал пред… Ова навистина е страшно.
И го разбирам, во свет каде што се прави се за клик повеќе (евро повеќе) мора да снимаш со порно ѕвезди како латас и карло бос, затоа што тоа публиката го бара… Е тука имаме проблем. Публиката тоа не го бара, публиката ние ја навикнавме на вакви глупости.
Милиони евра јавни пари за време на режимот (а богами и сега) завршија во приватни медиуми. Наместо тие пари да одат во медиумите и да се подигне нивото, тие пари завршија кај сопствениците на медиумите а квалитетот не се подигна.
Кога медиум што собира милиони не инвестира денар во квалитет туку увезува програми од типот Ѕвезде Гранде, тоа отвара простор за рекет-портали, и шлајм јутјуб подкасти кои што произведуваат насилство врз одредена група.
А што е најстрашно, видете ги само фирмите кои го спонзорираат ова…