Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -5 степени, -4 било во Битола, -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија и Маврови Анови, -1 во Тетово, Прилеп, Штип и Гевгелија, 0 во Охрид, Куманово и Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Претор и Крива Паланка, 3 во Попова Шапка, 4 во Виница, 6 во Крушево.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 19 сантиметри на Попова Шапка.
Времето денеска
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Текстот Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 23 степени е превземен од МАКФАКС.