Рано утрово, втората група од 25 македонски државјани е префрлена од Кабул со воен авион, потврдија за Телма роднини на евакуираните.
Втората група македонски државјани е евакуирана во Дубаи каде пристигнале околу 7:30 по македонско време. Со нив треба да се сретне македонскиот конзул од Абу Даби.
Во Кабул вчера имаше вкупно 75 македонски државјани разделени во три групи од по 25 луѓе, од кои последната беше сместена во воената база на аеродромот, а првата уште во текот на попладнето беше префрлена во Доха, Катар. Евакуацијата беше отежната поради хаосот на аеродромот во Кабул и покрај обидот на американската војска да обезбеди контрола.